Поетско читање во чест на 100 години од раѓањето на Блаже Конески во КИЦ Скопје
- Поетско читање во чест на 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески, под наслов „Блаже Конески - Проста и строга македонска песна“, во изведба на Дино Имери, пијано и Симона Спировска
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Поетско читање во чест на 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески, под наслов „Блаже Конески - Проста и строга македонска песна“, во изведба на Дино Имери, пијано и Симона Спировска, актер, ќе се одржи вечер во Културно информативниот центар - КИЦ во Скопје.
Овој настан се реализира како дел од повикот на Владата, по повод одбележување 30 години од независноста. мс/лв/