• петок, 03 мај 2024

Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ ново поетско дело на Зоран Пејковски

Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ ново поетско дело на Зоран Пејковски

Битола, 23 април 2024 (МИА) - Излезе од печат поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски, посветена на Петре М. Андреевски и со која авторот ја одбележува 90 годишнината од раѓањето на Андреевски.

Поемата е составена од 25 пеења, таа е мелодраматична, а на последните неколку пеења се наѕира силуетата на Петре М. Андреевски кој како хиперчувствителен и осамен боем им се предава на чувствата и го брани своето право на слобода. Со поемата, Пејковски пишува омаж на Петре М. Андреевски и таа цел е остварена. Пофалбата е испишана како модерна химна. Тоа е тројна пофалба - на Петре М. Андреевски, на неговата имагинарна Дениција, на Македонија и на љубовта и почитта спрема тие три величини и вертикали на македонското поетско творештво, посочуваат рецензентите академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски.

Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Автор е на 22 драмски дела, 6 сценско-драмски рецитали, 21 збирки песни, 6 поеми, 1 роман, 1 препев, 4 научно-истражувачки книги од театрологијата, 3 публицистички книги, и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби.мт/

Фото: Насловна страница

 

Остани поврзан