• сабота, 04 јануари 2025

Поддржи и ти - Сите како систем можеме да придонесуваме за подобро утре

Поддржи и ти - Сите како систем можеме да придонесуваме за подобро утре

Скопје, 27 декември 2024 

Ние сме Центар за здрав раст и развој на деца, млади и возрасни - Неуроклиник. Нашата мисија е да обезбедиме здрав раст и развој за секое дете и да промовираме добро емоционално здравје кај децата, младите и возрасните. Работиме со семејства и поединци со различни предизвици, вклучувајќи стравови, емоционални проблеми, како и деца со типичен развој, дисхармонија и аутизам, реедукација на психомоторика. Дополнително, работиме на предизвици поврзани со менталното здравје, со младите и возрасните.

Настанот на 27 декември под наслов ПОДДРЖИ И ТИ е можност да заокружиме една плодна година и да се заблагодариме на сите семејства кои оваа година ни се доверија и ни овозможија да работиме заедно со нив. Оваа работилница е за децата и семејствата кои беа дел од третманите во текот на 2024 година. Целта со оваа работилница е да покажеме дека секој од нас, како општествено одговорни, може да придонесе некој да се чувствува прифатен и безбеден. Нашето големо семејство Неуроклиник и јас лично сакам да им се заблагодарам на моите драги колеги психолози од другите центри со кои соработуваме, како и на педијатрите и психијатрите. Работилниците на 27 декември се само мал чекор за да покажеме дека сите како систем можеме да правиме вистински промени. Од таа причина сакам да укажам огромна благодарност за поддршката и општествениот придонес на следниве фирми кои ни помогнаа со донации: Гимназија Никола Карев, каде средношколците со одреден базар подготвуваат пакетчиња за нашите деца; Ефектива маркетинг агенција со нивното најпрепознатливо дело Литера фестивал за сликовница; Тримакс; Меркур и адвокатска канцеларија.

Идејата за нашиот центар беше да создадеме место каде што сите ќе се чувствуваат прифатени и безбедни, а потоа да создаваме промени и да испишуваме успешни приказни. На овој начин, со помош на стручниот кадар, можеме да им помогнеме на сите кои ја побарале нашата помош, било тоа да е за правење промена или остварување одредена цел. Нашиот центар нуди услуги во однос на семејни и родителски советувања, развојна стимулација на деца, реедукација на психомоторика, брачни советувања, како и ментално здравје за млади и возрасни.

Со текот на времето, нашиот тим се развиваше и денес сме горди на нашиот заеднички успех. Со Катерина соработувам уште кога јас бев студент. Поточно, таа беше демонстратор две години на институтот за специјална едукација и рехабилитација на филозофскиот факултет. Откако Катерина го основа центарот, ме повика како млад и амбициозен да работиме на заеднички проекти. Денес веќе сме како семејство. Се знаеме многу години пред тоа кога таа ми беше демонстратор и го пренесуваше она знаење кое што денес заедно го надоградуваме и креираме успешни приказни. Денес сме заедно во еден тим, имаме иста идеја, исти цели и растени сме со исти вредности. Заедно работиме на индивидуални и групни работи со деца. Нашата идеја е да ги вклучуваме студентите на кои сакаме да им го пренесуваме знаењето. Секоја чест за Дарја, Коста, Анастасија и Анастасија кои изминатава година неизмерно трпеливо и професионално соработуваа со нас.

Нашата визија за иднината на Неуроклиник е да продолжиме да растеме и да се развиваме, обезбедувајќи уште поголема поддршка за нашите клиенти. Во 2025 година планираме многу нови проекти и со нетрпение очекуваме да ги споделиме со нашата заедница, но пред сè да сме здрави и живи сите. Целта ни е да креираме здрава, семејна содржина и да продолжиме да работиме на принципи на скромност и одговорност.

Катерина Димова, магистер по специјална едукација во областа на специфични тешкотии во учењето, семеен системски советник, четврта година семејна системска психотерапија, Основач на Неуроклиник-Центар за здрав раст и развој на деца, млади и возрасни.

Бојан Џамбазов, специјален едукатор и рехабилитатор, едукант во семејна системска психотерапија

 

Центар за здрав раст и развој на деца, млади и возрасни - Неуроклиник 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Неуроклиник 

 

Остани поврзан