• вторник, 12 ноември 2024

Погребан поранешниот јапонски премиер Абе

Погребан поранешниот јапонски премиер Абе
Токио, 12 јули 2022 (МИА) - Јапонците денеска се простија од поранешниот премиер Шинѕо Абе, кој беше погребан во будистички храм во Токио. Стотици луѓе се собраа околу храмот во центарот на Токио за да се простат од Абе. Додека поминуваше погребната поворка насобраните граѓани облечени во црно и со цвеќе во раце извикуваа „Абе-Сан“. Знамињата во Токио се спуштени на половина копје. На погребот во храмот присуствуваа вдовицата на убиениот поранешен премиер Аки Абе, членови на блиското семејство, премиерот Фумио Кишида и високи претставници на Либерално-демократската партија на Абе. На 8 јули, 67-годишниот Абе беше застрелан за време на предизборен митинг во градот Нара, а почина во болница. ми/

Остани поврзан