Поголем дел од штипските населби утре без вода за пиење, се работи на поврзување на главна водоводна линија
- Поголем дел од населбите на територија на Општина Штип утре ќе останат без вода, бидеќи ќе има градежни активности за инсталирање на нова главна водоводна линија, која ќе овозможи реконструкција на дел од застарената водоводна линија. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече со овие зафати ќе се подобри состојбата со водоснабдувањето на територија на Општина Штип и ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните.
Штип, 24 јули 2024 (МИА) - Поголем дел од населбите на територија на Општина Штип утре ќе останат без вода, бидеќи ќе има градежни активности за инсталирање на нова главна водоводна линија, која ќе овозможи реконструкција на дел од застарената водоводна линија. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече со овие зафати ќе се подобри состојбата со водоснабдувањето на територија на Општина Штип и ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните.
-Повеќе од 1,5 милиони евра се инвестирани под земја за инсталирање на овие главни водоводни линии во должина од нешто повеќе од четири километри кои опфаќаат нова главна водоводна линија од главната Филтер станица до населба Баби, со што населба Баби ќе го реши долгогодишниот проблем со честите прекини во водоснабдувањето, вели Јорданов
Посочи дека ќе се работи на поврзување на главна водоводна линија на булеварот „Партизанска“, односно за ниска зона која децениски претставуваше проблем, заради честите дефекти и дотраеноста на страта водоводна линија. Штипскиот градоначалник,Јорданов и директорт на ЈП „Исар“, Кирил Зајков ја информираат јавноста и бараат трпеливост, бидејќи активностите се работат по динамичен план за реализација и по однос на реалзирацијата во текот на утрешниот ден ќе има прекини во водоснабудањето во поголеми делови од градот.
-Утре е важен и голем ден бидејќи утре се поврзува повеќе од еден километар нова главна водоводна линија. Поврзувањето ќе се одвива со следниот динамичен план. Во 11 часот вечерва ќе се исклучи главната водоводна линија и без вода за пиење ќе остане поголем дел од градот, односно населбите Баби, Сењак 4 , Осми Ноември, Исарот, Ново село, Пребег и индустрискиот дел заедно со Три Чешми. Четири екипи на ЈП„Исар“ ќе работат на поврзување на поставување на водоводната линија и очекуваме во два часот да биде нормализирано водоснабдувањето, бидејќи станува збор за главна водоводна линија, изјави Зајков.
Тој додаде дека утре граѓаните не треба да ја користат водата за пиење, а во петок ЈП „Исар“ ќе земе мостри од населбите и ќе потврдат дека водата е исправна за пиење. Со оваа активност која се работи на терен ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во наредните 50 години. вдј/дма/
Фото: МИА