• среда, 18 декември 2024

Поголем дел од пожарот во Кокино ставен под контрола, активен пожарот во Кокински дол

Поголем дел од пожарот во Кокино ставен под контрола, активен пожарот во Кокински дол
Куманово, 3 август 2021 (МИА) - Поголем дел од пожарот на Кокино е ставен под контрола, но има ново жариште во месноста Кокински дол, изјави денеска градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска. Покрај противпожарната единица од Старо Нагоричане и пожарникари од повеќе градови, на терен се и екипи од Армијата, од МВР, од ДЗСИ, шумско стопанство и доброволци. Штетата на површините е огромна, на некои места сè уште чади, изгорена е борова, дабова и нискостеблеста шума. -Таму гори веќе неколку часа, но е непристапно место и не може да се дејствува со возила. Се трудиме да се направи пресек со машини и со сечење на дрвна маса која на терен ја спроведуваат екипите на шумско стопанство, за да не се прошири пожарот кон десната страна над патот. Таму има уште еден дел борова шума, која ако се зафати не може така лесно да се реагира, изјави Јовановска. И од општината очекуваат хеликоптерите да го задушат пожарот во непристапниот предел, за теренските екипи делуваат навремено пред ноќта. Во пожарот на Кокино нема повредени, има зафатено неколку куќи во кои немало жители. ам/цр

Остани поврзан