• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поголем број од вработените во Американскиот институт за мир добија отказ преку електронска пошта

Поголем број од вработените во Американскиот институт за мир добија отказ преку електронска пошта

Вашингтон, 30 март 2025 (МИА) - Повеќето од вработените во Американскиот институт за мир, тинк-тенк создаден од Конгресот и управуван од Одделот за ефикасност на владата, предводен од Илон Маск, добиле мејлови за нивните масовни отпуштања од работа, јавија светските агенции.

Пораките, испратени на лична електронска пошта, бидејќи повеќето вработени веќе го изгубиле пристапот до канцеларискиот систем, почнале да пристигнуваат завчера вечер, велат извори запознаени со ова прашање, кои сакале да останат анонимни поради страв од казни.

Поранешен висок функционер на институтот рече дека неколку вработени во човечки ресурси и неколку вработени во странство кои имаат рок до 9 април да се вратат во САД биле поштедени од отпуштања. Вкупно, околу 300 луѓе работат во институтот.

Другите кои остануваат на работното место засега се регионални потпретседатели кои ќе работат со персоналот во соодветните зони за неговото враќање во САД, рече вработен кој добил меил дека е отпуштен од работа.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, преку електронска пошта наведе дека институтот „не успеал да донесе мир“ и дека Трамп „го реализира својот мандат да ја елиминира зголемената администрација и да заштеди долари од даночните обврзници“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан