• четврток, 18 јули 2024

Повторно фрлен отпад кај локалитетот Цареви кули кај Струмица

Повторно фрлен отпад кај локалитетот Цареви кули кај Струмица
Струмица, 1 април 2021 (МИА) - По десетина денови откако беше исчистен разновиден отпад фрлен на патот кон локалитетот Цареви кули и беа пронајдени сторителите, денеска на потегот кон истата локација повторно има куп со отпад. Од ЈПКД „Комуналец“ информираа дека контактирале со општинските комунални инспектори и заедно ја пронашле локацијата каде е истурен отпадот, но не биле пронајдени сторителите. - Локацијата со отпад беше пронајдена и екипа од ЈПКД „Комуналец“ во текот на денешниот ден ќе го собере целото ѓубре и локацијата ке биде вратена во првобитната состојба. За жал, не беа пронајдени никакви траги или други материјали кои можат да посочат кој го фрлил ѓубрето и со тоа сторителот да биде казнет, велат од струмичкото комунално претпријатие. Тие апелираат до граѓаните да не ја уништуваат околината која ни ја нуди природата, а сите кои имат отпад да се обратат во ЈПКД „Комуналец“ или да се јават во Центарот за грижа на корисници на телефон 13-110, кој работи 24 часа 7 дена во неделата и отпадот ке биде подигнат во најкраток можен рок.рт/бт/

Остани поврзан