• понеделник, 23 декември 2024

Повторно протести во Љубљана против мерките и ковид пропусниците

Повторно протести во Љубљана против мерките и ковид пропусниците
Љубљана, 20 октомври 2021 (МИА) - Неколку илјади демонстранти попладнево повторно протестираа во Љубљана против анти-епидемиските мерки на Владата на Јанез Јанша, особено задолжителните ковид пропусници, а некои побараа и оставка од Владата.
Како што пренесуваат локалните медиуми, протестот, кој продолжи и вечерва, е со засилено полициско присуство, но засега без инциденти и полициска интервенција која со кордон ги спречи демонстрантите да заминат пред зградата на Собранието. Полицијата идентификуваше неколку лица меѓу демонстрантите, а уапси најмалку едно.
 

Опозицијата денеска поднесе интерпелација против министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, предлагајќи негова смена поради, како што велат, прекумерната употреба на репресивни мерки против демонстрантите на последните неколку протестни собири. Хојс ја има довербата од премиерот Јанез Јанша, кој минатата година ја одби неговата оставка по медиумско-политичка афера. Опозицијата собра 43 потписи на пратеници за интерпелација, речиси половина од вкупниот број пратеници во Националното собрание, кое има 90 пратеници. паг/  

Остани поврзан