Повреден возач во сообраќајна несреќа во Куманово
- Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која се случи петнаесетина минути по полноќ помеѓу два автомобили, на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“ и „Ѓорче Петров“ во Куманово, соопшти денеска полицијата.
Куманово, 1 декември 2025 (МИА) - Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која се случи петнаесетина минути по полноќ помеѓу два автомобили, на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“ и „Ѓорче Петров“ во Куманово, соопшти денеска полицијата.
-Денеска година околу 00.17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од булевар „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“ и Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „поло“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(22) од село Никуљане, Општина Старо Нагоричане и патничко моторно возило „поло“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.К.(48) од Куманово. Во незгодата со повреди се здобил возачот Д.К. и бил префрлен на клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти СВР Куманово.
По насока од јавен обвинител, возачот Н.Т. е лишен од слобода затоа што при извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,21 промили алкохол во крвта.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава. ам/дма/
Фото: МИА архива