• сабота, 21 декември 2024

Повредени 16 лица во сообраќајката на патот Велес-Извор, двајца пренесени во Клинички центар во Скопје

Повредени 16 лица во сообраќајката на патот Велес-Извор, двајца пренесени во Клинички центар во Скопје

Велес,10 ноември 2023 (МИА) -  Двајца од вкупно 16 повредени лица во сообраќајната незгода што се случи попладнето меѓу две комбиња на регионалниот пат Велес - село Извор  препратени се на понатамошно лекување на скопските клиники, но се надвор од животна опасност, информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

На лекување во Скопје се препратени 57 годишен возач на комбе со повреда на главата и 55 годишен патник со повреда на лакт. 

Преостанатите 14 од вкупно 16 лица кои биле донесени во болницата се’ со полесни повреди, од кои некои се задржани, а некои по укажаната лекарска помош  ја напуштија  и до утре наутро ќе ја напуштат болницата и ќе си заминат дома. Со возило на Брза помош осум од повредените биле однесени на преглед во велешката Општа болница, а уште осум со приватни автомобили. 

Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес за МИА потврди дека се случила сообраќајка меѓу патничко и товарно комбе во 14,50 часот после крстосницата кон село Војница на угорницата кон Чашка.  Екипи на СВР Велес  извршиле  увид за причините на сообраќајната несреќа.ад/лв/

Остани поврзан