• петок, 19 јули 2024

Повик од Општина Битола до бизнис секторот за поддршка на „Зимска приказна“

Повик од Општина Битола до бизнис секторот за поддршка на „Зимска приказна“

Битола, 11 декември 2023 (МИА) - Општина Битола објави јавен повик за учество во организација и реализација на културни и туристичко промотивни активности во пресрет на новогодишните празници, а со цел збогатување на понудата на јавни содржини во општината по повод дочекот на Новата 2024 година – „Зимска приказна“.

Годинава „Зимската приказна“ на иницијатива на Локалниот економско социјален совет, покрај кај Офицерскиот дом, ќе биде насочена и кон Старата битолска чаршија, со цел понуда на културно забавни содржини за сите генерации.

Аплицирањето на јавниот повик за програмскиот дел на „Зимска приказна“ е електронски, со доставување на апликација за учество, а сите претставници на бизнис секторот кои сакаат да дадат поддршка за успешност и креативен раст на идејата за предновогодишна туристичка промоција на Битола, може да ја контактираат Општина Битола.

 -Понудените музичко сценски содржини, концертни настапи или други креативни идеи, за да станат дел од „Зимска приказна“, потребно е да бидат во согласност со квалитативните критериуми на општината дефинирани за оваа програма, додека техничко организационите и промотивните активности ќе бидат обврска на Општина Битола, соопштија од тамопната локална самоуправа. мт/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан