• недела, 07 јули 2024

Пливачки клуб „Шкорпионс“-Тетово доби дозвола за учество во натпреварувањата на националната пливачка федерација

Пливачки клуб „Шкорпионс“-Тетово доби дозвола за учество во натпреварувањата на националната пливачка федерација

Тетово, 12 февруари 2024 (МИА) - Тетово од денеска добива и пливачки клуб кој ќе биде дел од натпреварувачкиот систем на националната пливачка федерација. Станува збор за пливачкиот клуб „Шкорпионс“ формиран на 15 ноември 2023 година.

- „Пливачкиот клуб „Шкорпионс“ денес испиша историја кога е во прашање пливањето во Тетово. Ова е голем и значаен ден за спортот во Тетово. Првпат тетовци ќе бидат учесници во различни категории и пливачки дисциплини низ градовите каде ќе се одржуваат државни натпревари во пливање. За краток период има потенцијални пливачи кои би можеле наскоро да одговорат на предизвикот и да ги бранат боите на клубот на државните натпревари. Се надеваме дека со ова не само што се заживува пливањето во градот, а тетовци во иднина ќе можат да се радуваат и на освоени награди и титули, зошто не и на соборување на рекорди и учество на меѓународни натпревари во пливање, информираат тренирите Небојша Арсиќ и Станиша Златановски.

ПК „Шкорпионс“ засега брои 60 пливачи, деца до 15 години кои ќе се натпреваруваат во младинските категории. ас/мд/

фото: ПК „Шкорпионс“

Остани поврзан