• петок, 17 мај 2024

Пленковиќ: Со протерувањето на српскиот дипломат, Хрватска одговори на единствениот можен начин

Пленковиќ: Со протерувањето на српскиот дипломат, Хрватска одговори на единствениот можен начин

Загреб, 23 ноември 2023 (МИА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска се осврна на протерувањето на хрватскиот дипломат од Србија и рече дека официјален Загреб на тоа реагирал на единствениот можен соодветен начин во вакви ситуации.

Без разјаснување какви било детали, веднаш реагиравме по принципот на реципроцитет и ја известивме Амбасадата на Србија дека прогласуваме дипломат за непожелен. Реагиравме на единствениот можен начин во вакви ситуации, рече Пленковиќ на отворената седница на Владата.

Тој додаде дека ваквите потези не придонесуваат за воспоставување доверба меѓу двете земји. ссм/

фото: архива

Остани поврзан