• петок, 22 ноември 2024

Плаќање паркинг во општина Центар отсега и преку „Мтел“

Плаќање паркинг во општина Центар отсега и преку „Мтел“

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Услугите на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ за брзо време ќе бидат достапни и за корисниците на мобилниот оператор „Мтел“, информираат денеска од Општина Центар.

Минатата недела, како што се појаснува во соопштението, директорот на ова претпријатие, Душко Коцевски потпишал договор со Марко Лопичиќ, директор на телекомуникациската компанија. Со овој договор ќе се овозможи наплата на паркинг-услугите со СМС пораки на бројот 141414, се појаснува во соопштението.

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во писмена изјава вели дека овој договор е показател за посветеноста на двете компании кон современи услуги за граѓаните.

- Договорот со што ЈП „ПОЦ“ го воведува мобилниот оператор „Мтел“ за наплата на паркинг со СМС ќе овозможи поголема флексибилност и ефикасност за корисниците на паркинг-услугите на претпријатието. Тоа, исто така, значи и воспоставување долгорочно партнерство со компанијата. ЈП „ПОЦ“ ја прави достапна оваа услуга за сите со цел да ги задоволи потребите на граѓаните, наведува Герасимовски.

Од Општина Центар потсетуваат дека претпријатието во 2022 година ја прошири дејноста во комунална, со тоа што ги префрли хигиеничарите со цел да ја подобри сликата со хигиената на јавниот простор.

- Неодамна Општина Центар извести и ги повика граѓаните да ја користат услугата што ја дава општинското претпријатие, а се однесува на косење трева, реконструкција и санација на урбана опрема или собирање смет на јавните површини под надлежност на Општина Центар на телефонскиот број 076-350-767, се додава во соопштението на локалната самоуправа. бд/дма/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан