• недела, 17 ноември 2024

Плата за вработените од основните училишта од Куманово ќе има денеска

Плата за вработените од основните училишта од Куманово ќе има денеска

Куманово, 23 јануари 2024 (МИА) - Плата за вработените од основните училишта од Куманово веќе има, пуштена е вчера и вработените можат да ја подигнат, информираа денеска од секторот за финансии од општина Куманово.

Претходно, вработените реагираа дека декемвриската плата им доцни.
Претседателката на СОНК Куманово, Цветанка Митевска вели дека вработените биле трпеливи и покрај доцнењето на платата.

- Вработените реагираа во синдикатот и добивме одговор дека имало проблем кој е надминат. Вработените од основните училиште извесен период имаа разбирање, меѓутоа трошоците за јануари се високи и бараа исплата. За во иднина апелираме овие проблеми навреме да се надминуваат и платата да стигне на сметките на вработените согласно законскиот рок до 15 во месецот. Револтот е оправдан и ако се продолжи со истата практика во иднина ќе следуваат и протести, изјави Митевска.

Од  синдикатот ги повикаа службите навреме да ги изработуваат списоците, општината навреме да испраќа списоци до МОН и платата да се исплаќа редовно согласно законските одредби.

- Денеска ќе земат плата вработените во основните од Куманово. Поради зимскиот распуст службите од училиштата малку задоцнија со изработка и доставување на платните списоци. Веднаш по комплетирање на сите плати за сите основни училишта на 12 јануари годинава општина Куманово го испрати збирниот „прилог 6“ за платите за 17-те основни училишта до МОН, меѓутоа министерството поради непознати причини пушти помалку пари за исплата во вредност од 64.000 денари. По реакцијата од страна на нашите служби пуштен е вториот дел за материјални трошоци од блок дотација од кои средства ќе биде надополнет тој недостиг е и исплатена плата за вработените кои денеска можат да ја подигнат, изјави раководителката на секторот за финансии, Ирена Илиевска.

Секторот за финансии апелира до училиштата навреме да ги достават изработените плати согласно инструкциите што ги бара општината, по барање на МОН до 20 за плати за нареден месец.

Вработените од средните училишта од Куманово, навреме си добиле плата. ам/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан