• сабота, 29 јуни 2024

Планинарското спортско друштво „Орле" стартува со летна планинарска школа 

Планинарското спортско друштво „Орле
Кавадарци, 19 јули 2022 (МИА) - Планинарско спортско друштво „Орле" од Кавадарци, стартуваше со летна планинарска школа. Од друштвото денеска соопштија дека активностите се во соработка со младинската комисија при ФПСМ. - Школата започна вчера и ќе трае до крајот на август. Се стартуваше со теоретска настава во просториите на клубот, а по теоретските предавања, следува практична настава во природа. Учесниците на школата се запознаваат со сите теми во областа на планинарењето. Практичната настава, планинарењето ќе биде реализирано во околината на градот и на Кожуф планина. Во договор со учесниците ќе се одржи и кампување, појасни Никола Минчоров, претседател на друштвото. Учесници на планинарската школа се деца на возраст од 10 до 18 години. Предавачи на школата се лиценцираните планинарски водичи и долгогодишни членови на друштвото, Зоран Вујадиновиќ и Александар Илиев. Од друштвото потсетуваат дека ,,Орле" постои шеесет години и има евидентирано бројни планинарски акции. - Радува фактот што расте интересот на младите и воопшто на сите луѓе за спорт и реакција, излет во природа. Се подигнува свеста дека престојот во чиста и здрава животна средина значи здрав живот, дециден беше Минчоров за МИА.  свд/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан