Планинарскиот клуб Љуботен в недела организира тура до месноста Лешница на Шар Планина
- По повод 101 година од формирањето на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово на 22 март, недела се организира планинарски поход до месноста Лешница на Шар Планина. Сите заинтересирани за учество треба да се пријават заклучно со петок 20 март.
Тетово, 16 март 2026 (МИА) - По повод 101 година од формирањето на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово на 22 март, недела се организира планинарски поход до месноста Лешница на Шар Планина. Сите заинтересирани за учество треба да се пријават заклучно со петок 20 март.
Програмата предвидува во недела од 7:00 часот - поаѓање со комби превоз, пред просториите на Планинарски клуб „Љуботен“ – Тетово кон село Бозовце, од каде почнува пешачењето кон Долна Лешница. Се очекува во 10:30 часот пристигање на Лешница и краток одмор, па потоа посета на кадите на Кривошијска Река, а од 14:00 часот - тргнување кон село Бозовце.
-Исхраната е во сопствена режија индивидуално предвидена за планинарска тура до 8 часа. За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема. Секој од учесниците треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција. Сите индивидуални лица кои сакаат да учествуваат на настанот мора да се приклучат кон одредено друштво/клуб или организирано здружение, информират од ПК Љуботен.
Пријавувањето за учество на турата може да се изврши со пополнување на формулар, најдоцна до 20.03.2026 год. (петок) до 19:00 часот на електронската пошта: kontakt@pkljuboten.org.mk ас/вј/
Фото: ПК Љуботен