• недела, 24 ноември 2024

Планинари од ПСК „Голак“ Делчево го искачија врвот Руен на Осоговските планини

Планинари од ПСК „Голак“ Делчево го искачија врвот Руен на Осоговските планини

Делчево, 9 јули 2023 (МИА) - На иницијатива на младинската секција при Планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево, денес неколкучлена екипа планинари реализираше планинарска маршрута до врвот Руен на Осоговските Планини. Маршот како што информираше претседателот на клубт Љупчо Чучуковски се реализирал во должина од 21 километар.

-Денешниот ден недела го искористивме за една планинарска акиција за искачување на врвот Руен на Осоговските планини. Ова е планинарска акција која се реализираше на барање на нашите млади планинари од младинската секција  предводени од младите лидери Вања Гергиевска и Магдалена и Искра Ѓеоргиевски. Почетна точка ни беше од Долен Рудник Саса на 1030 метри надморска височина, потоа продолживем преку Тракато Брдо со крајна цел искачување на врвот Руен на 2252 метри надморска височина како највисок врв на Осоговските Планини, информираше Чучуковски.

Овој врв како што додаде е моѓне значаен бидејки оттаму започнува североисточниот дел на делчевската област Пијанец.

-Временските услови не послужија, а интересно е тоа што вегетацијата досега ја немав видено да биде голема, заради што на некои места моравме да ја замениме патеката и да одиме по асфалтен дел. Благодарност до сите спонзори кои секогаш ни излегуваат во пресрет при реализирањето на вакви акции, а најголема благодарност до младинската секција за успешната реализација на овој марш, додаде Чучуковски.

Планинарскиот клуб како што додаде периодот ќе го искористи за краток одмор, по што планинарите ги очекуваат  предизвици за искачување на малку познати, но значајни врвови во областа Пијанец. вс/ев/


Фото: МИА

Остани поврзан