• петок, 22 ноември 2024

Пирс Броснан виновен за недозволено движење во Јелоустоун, казнет со 1500 долари

Пирс Броснан виновен за недозволено движење во Јелоустоун, казнет со 1500 долари

Шајен, 15 март 2024 (МИА) - Пирс Броснан се изјасни виновен по обвинението дека скршнал од определената патека во една од термалните области на Националниот парк Јелоустоун во ноември 2023 година, според судските документи поднесени во Окружниот суд во американската сојузна држава Вајоминг.

На Броснан (70) му е врачено известување за прекршок, како и второ за наводен сличен прекршок кај Мамут Хот Спрингс - на 1 ноември 2023 година. Ирскиот глумец и неговиот адвокат се појавија на судењето вчера утрото. Тој, инаку, претходно во јануари се изјасни невин за двете обвиненија.

Ѕвездата од „Џејмс Бонд“, следствено, е казнет со 500 долари затоа што залутал од патеката, но судијата му наложи и да ѝ плати 1.000 долари на непрофитната организација „Јелоустоун
засекогаш“. Судот ги отфрли наводите за вториот прекршок.

Интернет-страницата на Националниот парк Јелоустоун ги упатува посетителите „секогаш да одат по назначените патеки“, заради безбедност на пешаците и заштита на „чувствителните термални формации“, т.е. изворите. Дополнително, водата од топлите извори, се наведува, може да предизвика „тешки или смртоносни изгореници“ при контакт.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан