• понеделник, 20 мај 2024

Пиоли: На Малдини му должам многу

Пиоли: На Малдини му должам многу

Милано, 11 јули 2023 (МИА) - Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го коментираше заминувањето на Паоло Малдини од клубот.

 

- Благодарение на Малдини и Рики Масару, не работев подолго со ниту еден од другите менаџерите и им должам многу. Имавме одличен однос заснован на почит, добро се согласувавме. Секако, имаше спорови, особено по шампионската сезона, но почитта секогаш беше присутна, изјави Пиоли за „ Milan News“.

 

Новата сезона во Серија А започнува на 20 август. Милан минатата сезона заврши на четвртото место, а претходната ја освои шампионската титула.

 

Беше објавено дека Малдини и спортскиот директор Фредерик Масара решиле да го напуштат клубот по напната средба со сопственикот на „росонерите“, Гери Кардинале, иако нивните договори беа со важност до летото 2024 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан