• петок, 22 ноември 2024

Пике: Срам е вистинскиот збор, го допревме дното

Пике: Срам е вистинскиот збор, го допревме дното
Лисабон, 14 август 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике го оцени како срамен поразот од Баерн со 2:8 во четвртфиналето на Лигата на шампионите. - Кошмарна игра, ужасно чувство, срам - тоа е вистинскиот збор за тоа. Не можете да играте така на европските натпреварувања и ова не е прв, втор или трет пат што ни се случува. За нас е многу тешко и се надевам дека може да научиме корисна лекција од ова, изјави Пике. Тој побара брзи промени. - Потребна е реакција, потребни се промени. Сега не зборувам за тренерот или играчите, не сакам да му укажувам на никој, но структурни промени се потребни насекаде, затоа што ова не е прв пат тоа да се случи. Нема недопирливи, јас сум подготвен да заминам ако е потребна нова крв и друга динамика. Јас сум првиот што е подготвен да заминам тогаш, затоа што го достигнавме дното, додаде Пике. зс/

Остани поврзан