Пет илјади луѓе се спасени во поплавите во Северна Кореја
- Пет илјади луѓе се спасени во поплавите во северозападна Северна Кореја, во операциите за евакуација под надзор на лидерот Ким Џонг-ун, јавија светските агенции, цитирајќи државни медиуми.
Пјонгјанг, 29 јули 2024 (МИА) - Пет илјади луѓе се спасени во поплавите во северозападна Северна Кореја, во операциите за евакуација под надзор на лидерот Ким Џонг-ун, јавија светските агенции, цитирајќи државни медиуми.
Обилните дождови што врнеа во саботата предизвикаа нивото на реката долж границата на Северна Кореја со Кина да достигне опасни нивоа и да предизвика „длабока криза“, објави севернокорејската новинска агенција.
Десетици воени хеликоптери и морнарички и владини бродови беа мобилизирани за операции за евакуација во градовите Ксињижу и Јуиџу, каде што поплавите изолираа многу жители.
Севернокорејската новинска агенција не јави за жртви или штети предизвикани од поплавите. Агенцијата соопшти дека и покрај лошите временски услови, секој хеликоптер извршил неколку летови за да ги префрли жителите на безбедно. На овој начин се спасени 4.200 луѓе.
Агенцијата јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги надгледувал спасувачките операции, наредил да се достави храна и други основни добра до погодените луѓе и поставил цели за работа за обновување по предизвиканата штета. рп/
Фото: ЕПА