• петок, 05 декември 2025

Петрушевски: Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски

Петрушевски: Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски

1 август 2025

Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски, што МИА го пренесува во целост.

Фактот што ниту еден функционер од СДС, кои држеа високи државни позиции, и за кои постојат сериозни индиции, но и докази за големи криминали не е во затвор, говори каква е врската на СДС со главниот обвинител Љупчо Коцевски, и зошто тие во Собрание се бореа да му дадат сламка за спас, преку не гласање на интерпелацијата за него.

СДС и ДУИ го штитат главниот обвинител Љупчо Коцевски, за тој да ги штити криминалите на Филипче, Заев и Али.

На милиони украдени од ЕСМ и РЕК, на стотици тендери во здравството, нема ниту еден случај на одговорност. Очигледно е сега, дека нема затоа што тие случаи водат до врвот на СДС.

СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и покажа кој го постави, кој стои и кој го одржува во живот главниот обвинител Коцевски.

Се додека е Љупчо Коцевски главен обвинител, се до тогаш нема да има одговорност за криминалците од СДС и ДУИ, зошто тие се штитат меѓусебно.

Љупчо Коцевски треба да има грам морал, и да ја прифати пораката од граѓаните и да си поднесе оставка. Со секој поминат ден, неговиот рејтинг не само што се намалува, туку го пробива дното.

Одговор на новинарско прашање за денешната прес-конференција на потпретседателката на СДС, Ана Чупеска

Петрушевски: СДС ја партизираше и полицијата и институциите, во нивно време професионалците беа шиканирани, а напредуваа само партиски подобни

СДС, токму тие ја партизираа полицијата и институциите. И додека СДС управуваше со институциите, професионалците беа шиканирани, а напредуваа само оние партиски подобните.

Новите закони се во насока на професионализација и еднакви можности.

Тој кој е компетентен, кој има искуство, знаење и интегритет ќе напредува без разлика на партиската припадност. За разлика од тоа како до сега.

Сите тези на СДС се само блед обид да дефокусираат од моменталните теми, како драмолетката што ја направија околу интерпелацијата на Коцевски каде се разголија и го покажаа вистинското лице.

Линк од видео материјал:

https://www.swisstransfer.com/d/9a45ad92-1513-44b6-a6fa-81528b718351

https://youtu.be/ZdNAYhMCWeU

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан