• понеделник, 23 декември 2024

Петмина загинати и 15 повредени во напад со нож во источна Кина

Петмина загинати и 15 повредени во напад со нож во источна Кина
Пекинг, 5 јуни 2021 (МИА) - Најмалку пет лица се убиени и 15 повредени во случаен напад со нож попладнево во источната кинеска провинција Анхуи. Нападот се случил во трговска улица во Анкинг околу четири часот попладне по кинеско време, се вели во соопштението на градската канцеларија за јавна безбедност. Полицијата го уапси сторителот на местото на настанот и извести дека во моментов го испитува инцидентот. Центарот за дарување крв на Црвениот крст во Анкинг, по инцидентот, преку социјалната платформа Веибо, итно повика доброволно дарување крв поради „малите залихи“.

Остани поврзан