• понеделник, 23 декември 2024

Петмина загинати во руски напад во источна Украина

Петмина загинати во руски напад во источна Украина

Константиновка, 24 август 2024 (МИА) - Најмалку пет лица загинаа денеска, а уште пет се повредени во руски напад врз градот Константиновка во источна Украина, објави регионалниот гувернер на областа Доњецк, Вадим Филашкин.

Според него, на местото на нападот работат спасувачки и полициски екипи.

„Повторно ги повикувам сите: внимавајте, евакуирајте“, напиша Филашкин на Телеграм, без да даде повеќе детали за нападот.

Константиновка се наоѓа во близина на зоната на активни борби во областа Доњецк, каде руските сили напредуваат со месеци.

Во последниве недели, руската офанзива забрза, при што московските трупи немилосрдно напаѓаат кон градот Покровск, важен логистички центар кој моментално е главниот епицентар на борбите. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан