• понеделник, 08 јули 2024

Петков на местото на Зекири за дуелот со Полска

Петков на местото на Зекири за дуелот со Полска

Скопје, 24 февруари 2024 (МИА) – Младиот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Марин Петков ќе патува со македонската репрезентација во Полска на местото на Лејсон Зеќири.

Ова измена во играчкиот ростер селекторот Александар Јончевски ја направи поради здравствени проблеми на Зеќири.

Македонските кошаркари попладнево ќе заминат за Полска каде в понеделник ќе го одиграат вториот натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Натпреварот ќе се игра во Сосновиец со почеток во 18 часот.

„Црвено-жолтите“ вчеравечер во првото коло од новиот квалификациски циклус загубија од Естонија со 74:69. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан