• понеделник, 23 декември 2024

Петковиќ: Османи лаже, не е постигнат договор за динарот

Петковиќ: Османи лаже, не е постигнат договор за динарот

Белград, 18 март 2024 (МИА) – Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ денеска изјави дека „не е постигнат договор за динарот“, реагирајќи на тврдењето на претседателката на Косово Вјоса Османи, дека има договор за, како што наведе, делот од американските предлози за користење на динарот на Косово.

- Што би рекол нашиот народ, Вјоса Османи лаже како куче! Договор за динарот не е постигнат, а тие што се силни и моќни единствено што прават е да му наметнуваат решенија на српскиот народ на Косово и Метохија, напиша Петковиќ на социјалната мрежа Х.

Османи претходно денеска изјави дека има договор за дел од американскиот предлог, додавајќи дека Приштина разгледува начини да гарантира дека помошта испратена од централна Србија за српската заедница во Косово не отиде, како што наведе, во „погрешни раце“. јт/

Остани поврзан