• вторник, 19 ноември 2024

Пентагон: Двајца бомбаши самоубијци и вооружени напаѓачи на Исламска држава учествувале во нападот во Кабул

Пентагон: Двајца бомбаши самоубијци и вооружени напаѓачи на Исламска држава учествувале во нападот во Кабул
Вашингтон, 26 август 2021 (МИА) – Најмалку двајца бомбаши самоубијци се разнесоа во терористичкиот напад на аеродромот во Кабул, соопшти американското Министерство за одбрана. По детонациите, голем број борци од терористичката милиција Исламска држава отворија оган врз цивили и војници, рече американскиот генерал Кенет Мекензи, кој ја предводи американската Централната команда. Во исто време, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот медиум Амак. Во соопштението на Исламската држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив. јт/

Остани поврзан