• понеделник, 23 декември 2024

Пенс при посета на болница одлучи да не носи маска

Пенс при посета на болница одлучи да не носи маска

Вашингтон, 29 април 2020 (МИА) - Американскиот потпретседател Мајк Пенс одлучи да не носи маска за време на посета на болница во сојузната држава Минесота, соопшти денеска Си-Ен-Ен.

При посетата на клиниката Мајо, во Минесота, сите околу Пенс беа со маски, но само тој не носеше. Својата постапка тој ја објасни со тоа дека не е заразен со коронавирус и тоа значи дека нема опасност за пациентите.

-Како потпретседател на САД јас регуларно вршам тестирање за коронавирус, и сите луѓе околу мене го прават истото, изјави Пенс во свој одбрана.

Притоа, високиот американски функционер не го збуни тој факт дека сите споменати „луѓе околу него“ кои беа во делегацијата, носеа маски. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан