• четврток, 09 мај 2024

Пендаровски во Њујорк на средба со Јури Ким и Џим O'Брајан од американскиот Стејт Департмент

Пендаровски во Њујорк на средба со Јури Ким и Џим O'Брајан од американскиот Стејт Департмент

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, се сретна со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на Канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.

На средбата, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, се разговарало за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на државава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот. Соговорниците се согласиле дека е потребно да се одржи фокусот на реформите, како и на подготвеноста за водење на преговорите со Европската Унија.

-На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, при што претседателот Пендаровски се заблагодари на американската поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ како стратешка определба на македонското општество, стои во соопштението. вг/бак/

Фото: Кабинет на претседателот

Остани поврзан