• понеделник, 23 декември 2024

Пелоси: Конгресот е соочен со непријатели одвнатре 

Пелоси: Конгресот е соочен со непријатели одвнатре 

Вашингтон, 28 јануари 2020 (МИА) Спикерот на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, денеска на брифинг изјави дека Конгресот е соочен со „непријатели одвнатре“, од долниот дом, алудирајќи на некои нејзини колеги. 

По немилите настани на 6 јануари кога насилна толпа поддржувачи на бившиот претседател Доналд Трамп упадна во американскиот Капитол, законодавците сметаат дека зградата на Конгресот е сеуште недоволно обезбедена и дека се потребни дополнително мерки. 

-Сметам дека ни требаат дополнителни мерки за поголема безбедност на членовите, кога непријателот е меѓу нас во Претставничкиот дом, и членовите се загрижени поради оваа закана покрај тоа што се случува и надвор, изјави Пелоси. 

Запрашана што имала предвид со кажаното „непријателот е меѓу нас“, таа одговори дека „постојат членови на Конгресот кои носат пиштоли во салата и кои се заканувале на други членови на Конгресот“. 

Спикерот на Претставничкиот дом очекува скорешна објава на исцрпен извештај за безбедноста на највисокиот законодавен дом на САД, подготвен од пензионираниот заменик-генерал Расел Оноре. кб/   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан