• понеделник, 23 декември 2024

Пелеши: Македонската заедница е додадена вредност во мозаикот на  вредности на нашите простори

Пелеши: Македонската заедница е додадена вредност во мозаикот на  вредности на нашите простори

Дебар, 26 март 2023 (МИА) - Албанската  владејачка Социјалистичка партија (СП) ги објави имињата на кандидатите за градоначалници со кои ќе настапи на локалните избори што ќе се одржат на 14 мај  годинава.Политичкиот координатор на  партијата за Округот на Корча и министер за одбрана Нико Пелеши во изјава за медиумите во Тирана ги престави кандидатите за градоначалници во општините во овој округ и го официјализира заедничкиотнастап со Македонска алијанса за европска интеграција.- Во Пустец имаме мала, но важна општина затоа што е малцинска општина, една заедница, македонско малцинство, живее и работи таму. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, рече Пелеши.Додаде дека за општина Пустец потврдена е кандидатурата на актуелниот градоначалник Пали Колефски како заеднички кандидат на СП и МАЕИ.- Таму сме во партнерство, во алијанса со партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Пали Колефски повторно ќе се кандидира како кандидат на Социјалистичката партија, но секако поддржан и во соработка со МАЕИ. Заедноодиме на сигурна победа, изјави Пелеши.Колефски првпат беше избран на изборите во јуни 2019 година.МАЕИ свои кандидати за советници ќе има самостојно во општина Пустец, додека во повеќе општини, каде концентрацијата на македонската заедница е поголема, ќеима на листите на СП. вт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан