Пекинг: Кина ги поддржува истомислениците кои се стремат кон членство во БРИКС
- Кина, заедно со другите земји-членки на БРИКС, е подготвена да продолжи да се придржува до духот на отвореност, сеопфатност и заемно корисна соработка. Исто така сме подготвени уште повеќе да ги поддржиме партнерите со исто мислење да се приклучат на соработката на БРИКС, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нин
Пекинг, 3 септември 2024 (МИА) – Кина, заедно со другите земји-членки на БРИКС, е подготвена да продолжи да се придржува до духот на отвореност, сеопфатност и заемно корисна соработка. Исто така сме подготвени уште повеќе да ги поддржиме партнерите со исто мислење да се приклучат на соработката на БРИКС, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нин.
Таа додаде дека БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) е важна платформа за соработка меѓу земјите во развој и пазарите во развој.
„Блумберг“ вчера објави дека Турција пред неколку месецПекинг: и официјално поднела барање за членство во БРИКС, поради разочарувањето од недостигот на напредок во процесот за членство во Европска Унија. Според весникот барањето на Турција ќе биде разгледувано на Самитот на БРИКС што ќе се одржи во октомври во Казан.
Турција се уште ниту ја потврдила ниту демантирала веста на „Блумберг“. ми/
фото: МИА архива