• петок, 22 ноември 2024

Пашинјан: Ереван е подготвен да потпише мировен договор со Баку

Пашинјан: Ереван е подготвен да потпише мировен договор со Баку

Астана, 15 април 2024 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска соопшти дека е подготвен да склучи мировен договор со Азербејџан врз основа на одредбите од Декларацијата од Алмати од 1991 година.

Пашинјан, кој е во официјална посета на Астана, разговараше со претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев за безбедносната состојба и стабилноста на Јужен Кавказ.

„Ерменија е подготвена да потпише договор со Азербејџан во рамките на претходно договорените принципи заради стабилноста и мирот во регионот, врз основа на трите принципи кои се веќе договорени меѓу Ерменија и Азербејџан“, рече премиерот на Ерменија, пренесува „Арменпрес“.

Тој потсети дека станува збор за меѓусебно признавање на територијалниот интегритет врз основа на одредбите од декларацијата донесена во градот Алмати, Казахстан на 21 декември 1991 година и спроведување на процесот на демаркација на ерменско-азербејџанската граница, како и деблокирање на регионалната инфраструктура заснована на принципите на почитување на суверенитетот и јурисдикцијата на државите, реципроцитетот и еднаквоста. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан