• понеделник, 23 декември 2024

Пахор: Турција е важна земја за Словенија

Пахор: Турција е важна земја за Словенија
Анкара, 10 август 2022 (МИА) - Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска во Анкара изјави дека Турциија е важна земја за Словенија, а тоа го покажува и потпишаниот Документ за стратешко партнерство пред 11 години. - Словенија нема потпишано многу од овие договори. Ова укажува на важноста што Словенија и ја придава на Турција, истакна Пахор на турско-словенечката тркалезна маса на која присуствуваа и министерот за економија, развој и технологија Матјаз Хан и бизнисмени од двете земји. Пахор наведе дека обемот на трговска размена помеѓу двете земји надмина една милијарда евра. - Во Словенија има голем потенцијал за странски инвеститори. Турските компании водат два големи инфраструктурни проекти во Словенија. Еден од нив е тунелот Копар. Овој проект е особено важен во однос на поврзувањето на северниот дел на Јадранот со Европа, посочи Пахор. Тој во рамки на денешната посета на Турција ќе се сретне и со претседателот Реџеп Тајип Ердоган. ми/

Остани поврзан