• недела, 07 јули 2024

Парламентарни избори во ЈАР

Парламентарни избори во ЈАР

Јоханесбург, 29 мај 2024 (МИА) – Околу 27,6 милиони лица со право на глас денеска ќе избираат 400 пратеници, кои потоа ќе го именуваат следниот претседател на Јужно Африканската Република (ЈАР).

На изборите учествуваат околу 50 партии, а главни ривали се владејачката партија Африканскиот национален конгрес (АНЦ) и опозициската Демократски сојуз (ДА).

Според анкетите за ДА би гласале 25 проценти од граѓаните, а за АЦН од 40 до 46 отсто.

Многу гласачи се поделени помеѓу лојалноста кон АНЦ, која ја ослободи земјата од апартхејдот и растечкото разочарување поттикнато од невработеноста и недостигот на вода и струја триесет години по демократијата, што може да ги одврати од гласањето за историската партија.

Претседателот на ЈАР, Сирил Рамафоза во последното обраќање до нацијата уште еднаш ги истакна достигнувањата на АНЦ и напредокот постигнат од крајот на апартхејдот за граѓаните на ЈАР, пред сè во образованието, борбата против насилството врз жените и борбата против корупцијата. Тој се надева на втор претседателски мандат и оти победата на АНЦ е неизбежна.

Додека лидерот на ДА, Џон Стинхујзен на последниот предизборен митинг истакна дека АНЦ ќе го изгуби мнозинството. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан