• понеделник, 23 декември 2024

Парламентарните избори на Малдиви

Парламентарните избори на Малдиви

Мале, 21 април 2024 (МИА) - Граѓаните на Малдиви денеска гласаат на парламентарните избори кои се сметаат за клучни за претседателот Мохамед Муизу, чија политика е под будното око на Индија и Кина, кои се борат за влијание во островската држава.

Индија и Кина бараат упориште на Малдиви, кои имаат стратешка локација во Индискиот Океан, а изборот на Муизу за претседател минатата година го засили ривалството меѓу двете регионални сили, при што претседателот на Малдиви зазеде прокинески став и дејствува да се отстранат индиските трупи стационирани на еден од островите на Малдивискиот архипелаг.

За Муизу ќе биде тешко да обезбеди мнозинство во Парламентот бидејќи некои од партиите што го поддржаа оттогаш се распаднаа и сега повеќе партии влегоа во изборната трка. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан