Панел дискусија „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи - предизвици и перспективи“
- Институтот за медиуми и аналитика ИМА денеска организра дискусија на тема „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи - предизвици и перспективи“.

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Институтот за медиуми и аналитика ИМА денеска организра дискусија на тема „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи - предизвици и перспективи“.
Панелисти на дискусијата што ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се Емилија Петреска Камењарова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Снежана Трпевска од Институт РЕСИС, Светлана Сиљјаноска - консултантка за стратешки комуникации и справување со дезинформации и Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфoзис. Тие ќе ги претстават нивните наоди и анализи на оваа тема.
По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните. са/вг/
Фото: ИМА