• вторник, 26 ноември 2024

Панел дискусија: Правни празнини, недоследности поврзани со изборниот интегритет во политичкото рекламирање во земјава

Панел дискусија: Правни празнини, недоследности поврзани со изборниот интегритет во политичкото рекламирање во земјава

Куманово, 3 април 2024 (МИА) - Правни празнини, недоследности, носењето на измени во Изборниот законик се забелешките на надлежните тела кои ги презентираа денеска, претставниците на АВМУ, ДЗР, ДИК и ДКСК на денешната панел дискусија во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје.

Најголеми недоследности има во Изборниот законик, кој иако од почетокот на донесување досега претрпел измени сè уште не ги дава посакуваните е резултати и не ја отстранува можноста за злоупотреби и сомнеж. Главниот државен ревизор, Максим Ацевски критикуваше дека најновите измени во Изборниот законик само го потврдуваат заедничкиот интерес на пратениците, а не ги отстрануваат недоследностите на кои заедно со другите тела укажувале со години наназад.

- Преку 20 години докажуваме дека постојат системски слабости во наведените закони, дека сето тоа влијае на квалитетот на изборниот процес, начинот на користење на средствата, на транспарентноста во известувањето и на начинот на користење на средствата на даночните обврзници, апсолутно никој е го зема предвид, рече Ацевски.

Тој порача до законодавната, извршната власт да не го трошат попусто времето на регулаторните тела, доколку не ги почитуваат нивните препораки. За него нејасно е како тие како тело треба да предложат образец до Министерство за правда, а самите го контролираат.

- Зборуваме за законски акти за кои никој не ве прашува дека треба заедно со колегите од Државна комисија за спречување корупција да предложите образец кој треба да го доставите до министерот. Ние не сме продолжена рака на извршната власт, рече Ацевски.

Ревизија не може да ги контролира организираните настани за кампањи, бидејќи партиите после настаните им доставуваат фактури. Порача до надлежните да извршат увид и во населените места, бидејќи статистика покажува дека во некои има под десет жители, под 100. Како што рече се провлекуваат 17 системски слабости, доуредено е донацијата од правни и физички лица за редовно работење и за работење во кампањата. Во однос на донациите по завршување на кампањата праша кои се ефектите за примени донации по кампањата.

- Немаме време за губење земете ги довчерашните извештаи за примени донации за прв, втор круг дали ќе се добие точен збир – не. Припишуваме обрасци во различни периоди зошто не сакаме еден континуиран образец која партијата ќе го објавува на страницата на ревизија, и на спречување корупција секој кој ќе донира и нека гледа јавноста која ќе биде притисок за транспарентноста и добиените донации, рече Ацевски.

Тој укажа дека секој треба да добие поеднакви услови за старт на кампањата и изрази надеж дека наредниот парламентарен состав суштински ќе ги прифати забелешките на експертите и на институциите.

Претседателка на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска се согласува со надлежните од ревизија и укажува дека правната рамка за платено политичко рекламирање се соочува со предизвици, на правна празнина, недостаток на јасни правила и прописи.

- Континуирано како во конечните, ревизорски извештаи од изборните процеси по завршуавње на изборите во рок од 60 дена укажува на системски слабости кои оставаат место за различно толкување и злоупотреби, неусогласеностите можат да доведат и доведуваат до постојаност во спроведување на правилата и креираат простор за корупција, рече Димитровска.

Висок степен на незадоволство има во институциите кои биле дел од работната група, биле предложени 17 од законот, нагласувајќи дека и претходните измени низ годините околу 30-тина покажуваат недостаток на политичка волја, освен во делот на платено политичко рекламирање и распределбата на средствата, во корист на најголемите партии од власта и опозицијата. Таа додава дека околу 10 милиони евра ќе бидат распределени за платено политичко рекламирање што подразбира 2, 5 милиони евра на финансирање на електронски медиуми интернет портали, кои немаат импресум, сомнителен начин на регистрирање кој остава можност за злоупотреба на средствата.

- Искуството покажува дека се злоупотребува, едно лице може да отвори десет портали, да добие одделен износ по 15.000 евра. Нерешено е и рекламирање на социјалните медиуми, рече претседателката на ДКСК.

Таа укажува дека ризикот од корупција е висок, играта не е фер, не се испочитувани ниту препораките на ОДИХР за донесување на измени на Изборниот законик шест месеци по распишување на изборите. ДКСК, како што рече постапува и ги следи сомнежите за прекршување на забрана за користење возила, канцеларии за политички партии и досега има 25 отворени предмети.

- Предизвикот е голем паралелно се одвиваат два изборни процеси. Овозможен е пристап до сметки на учесници во кампањата, матичните броеви, доставени се барања за број на трансакциска сметка ќе пристапиме кон следење на финансиски трансакции. Ќе укажеме на обврзниците и доколку се констатира увид нерегуларности недозволен финансирање ќе се отворат предмети. Замолува да се подигне свеста да се направи притисок на јавноста и од меѓународни организации укажувањата на институциите во однос на правна празнина недоследности да се испочитуваат, препораките, порача претседателката на ДКСК.

Дитмире Шеху, заменичка – претседател на Државната изборна комисија кажа дека како институција се трета страна при потпишување на договорите со медиумите, но ги користат потпишаните договори од АВМУ и самите медиуми. За ДИК кажа дека се транспарента институција која го подига квалитетот на изборниот процес, појаснувајќи ги правилата при платено политичко рекламирање во кој предност имаат најголемите партии. Партиите можат да користат и други средства за рекламирање од редовната трансакциска сметка на политичка партија, физички лица до 3.000 евра правни до 30.000 евра.

- Кампањата за ППР ќе биде над 10 милиони евра. Двајцата претседателски кандидати кои влегуваат во вториот круг ќе поделат 1, 8 милини, рече Шеху. Меѓу политичките партии 45 проценти добиваат двете најголеми партии од власта, 45 од опозицијата, седум за оние кои немале доволен број гласови за пратеници, три за оние кои немаат пратеници. Мониторирањето ќе го спроведе државна ревизија, кажа таа. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан