• петок, 22 ноември 2024

Панел дискусија „Градење отпорност преку ефективно планирање на континуитетот на бизнисот“

Панел дискусија „Градење отпорност преку ефективно планирање на континуитетот на бизнисот“

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - Панел дискусија „Градење отпорност преку ефективно планирање на континуитетот на бизнисот“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и УНДП.

Како што соопштија од Стопанската комора, панел дискусијата е наменета да биде платформа за споделување идеи и искуства помеѓу индустриските лидери и чинители, каде ќе може да се слушне за најдобрите практики и стратегии што се користат за градење отпорност и континуитет во бизнисот.

-Идејата за овој панел дојде од одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, еден од најтрагичните настани во нашата историја. Во тој контекст сакаме да ја отвориме темата за градењето отпорност и значењето на ефективното планирање на континуитетот на бизнисот, посочија од Стопанската комора.

Пред почетокот на настанот, најавени се изјави на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП за Северна Македонија.бт/аа/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан