• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пакистан повторно го отвори главниот трговски премин Торкам кон Авганистан

Пакистан повторно го отвори главниот трговски премин Торкам кон Авганистан

Исламабад, 19 март 2025 (МИА) - Пакистанските власти во средата наредија повторно отворање на граничниот премин Торкам со Авганистан по неколку недели затворање поради судирите меѓу граничните сили.

Преминот Торкам, кој ја поврзува пакистанската Хајбер Пахтунхва со авганистанската провинција Нангархар, повторно е отворен за комерцијални возила. На пешаците ќе им биде дозволено да поминуваат во петок“, изјави претставник на граничната безбедност.

Границата беше затворена на 21 февруари, откако авганистанските власти наводно извршиле неовластено градење. Пакистан тврди дека Авганистан го прекршил договорот за изградба во близина на границата.

Официјални лица и племенски старешини од двете страни одржаа разговори, при што се согласија да ја стопираат изградбата барем до друга средба на 15 април.

Стотици возила што превезуваат стоки, вклучително и лесно расиплива храна, и илјадници пешаци, вклучително и Авганистанци кои бараат лекарска помош, секојдневно ја минуваат границата кога е отворена. Преминот беше затворен повеќе пати во минатото под слични околности. рп/

Фото: Скриншот од Википедија

Остани поврзан