Пакистанските безбедносни сили убија седум вооружени лица во операција близу границата со Авганистан
- Пакистанските безбедносни сили убиле седум вооружени лица при размена на оган во југозападната провинција Балуџистан, која граничи со Авганистан, соопшти денеска пакистанската армија.
Карачи, 22 јануари 2024 (МИА) - Пакистанските безбедносни сили убиле седум вооружени лица при размена на оган во југозападната провинција Балуџистан, која граничи со Авганистан, соопшти денеска пакистанската армија.
Во соопштението на армијата се наведува и дека е запленето големо количество експлозив.
Квета е главен град на провинцијата Балуџистан каде што белушките националисти, исламските милитанти и терористичката група Исламска држава извршија многу напади врз безбедносните сили во последниве години.
Покраината Балуџистан, богата со гас, која се граничи со Авганистан и Иран, повеќе од две децении е место на бунт на белушките националисти против централната влада во Исламабад. На почетокот тие сакаа удел во располагањето со ресурсите на покраината, но подоцна побараа целосна независност на областа. ссм/
фото: архива