• вторник, 05 ноември 2024

Пад на вредноста на акциите на Вол Стрит втор ден по ред

Пад на вредноста на акциите на Вол Стрит втор ден по ред
Њујорк, 1 април 2022 (МИА) - Цените на акциите на Вол Стрит синоќа паднаа втор ден по ред, последица на продолжувањето на војната во Украина и засилените инфлаторни притисоци врз САД, околности што можат да ја принудат Централната банка на САД на агресивно покачување на каматните стапки. „Доу Џонс“ (Dow Jones) падна за 550 поени или 1,56 отсто на 34.678 поени, додека „СП&500“ (S&P 500) се спушти за 1,57 отсто на 4.530 поени, а индексот „Насдак“ (Nasdaq) падна за 1,54 отсто, на 14.220 поени. На почетокот на седмицава тие индекси нагло пораснаа, благодарение на оптимизмот на инвеститорите по веста дека во мировните преговори Русија вети драстично намалување на воените операции околу Киев, а Украина предложи неутрален статус. Но, војната во Украина продолжува, а вчера инвеститорите допилнително беа вознемирени од заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја прекине испораката на гас за европските земји доколку не го платат во рубљи. Белата куќа, од друга страна, воведе нови санкции кон Русија и најави досега најголема продажба на нафта од стратешките резерви за да спречи натамошен раст на цената на „црното злато“. Силниот раст на цените на нафтата и другите сировини од почетокот на војната во Украина само ги зајакнува инфлаторните притисоци. Вчерашните податоци потврдија дека инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години. Според индексот на потрошувачки цени, инфлацијата, без цените на храната и енергијата, во февруари достигна 5,4 отсто на годишно ниво, а кај цените на енергијата и храната 6,4 отсто. аб/

Остани поврзан