• среда, 18 декември 2024

ОЈО заедно со полициски екипи започна увидни дејствија во опожарената зграда во Чаир

ОЈО заедно со полициски екипи започна увидни дејствија во опожарената зграда во Чаир

Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со полициски екипи ги започна увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски" во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории.

Од МВР информираа дека претходно од страна на СВР Скопје биле извршени сите подготовки и бил обезбеден влез во објектот, а пристапот до објектот се врши строго контролирано и во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.

-Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините. Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази, стои во соопштението на МВР.

Во гаснењето на пожарот кое траеше повеќе од осум часа, учествуваа 20 пожарникари со седум противпожарни возила, а поради густиот црн чад од Итната медицинска помош информираа дека имаат дадено медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар, како и една бремена жена. ра/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан