• сабота, 16 ноември 2024

Охриѓани денеска одблиску се запознаа со работата на Собранието и охридските пратеници

Охриѓани денеска одблиску се запознаа со работата на Собранието и охридските пратеници
Охрид, 7 ноември 2022 (МИА) - Прашања поврзани со образованието, работата на Собранието, институциите и правниот систем во државата биле дел од прашањата што охриѓани денеска им ги поставиле на пратениците во рамките на парламентарниот карван „Собрание за граѓаните“. Во рамките на караванот граѓаните на Охрид и случајните минувачи на Градскиот плоштад имаа можност да се запознаат со работата на законодавниот дом, носењето на законите, но и да си ги кажат маките или да дадат некои идеи во однос на работењето на претениците. Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ изрази задоволство што младите знаат да се критични, да поставуваат вистински прашања, но и да бараат одговори и отчетност. - Прашањата беа за организација и скратување на часовите, но имаше и дали ќе се среди еднаш работата на институциите и правниот систем во државата, за тие да останат и да живеат тука, заради тие прилики да не одат надвор од државата или од градот. Заедно заклучивме дека треба да работиме, дека работиме. Со скринингот за Европската унија за нас одпочнува еден пакет за усоглаување на нашето законодавство, но и работата и отчетноста на институциите, верувам дека тоа ќе биде едно оддавање на вистинска насока и правец за функционирање на државата. Заклучивме дека треба да се потрудиме сите заедно да работиме и државата да ни биде каква што посакуваме, рече Лазаревска. Целта на настанот, како што истакна пратеничката Лидија Петкоска од ВМРО - ДПМНЕ, е пратениците да излезат меѓу граѓаните, затоа што, тоа всушност е и нивната работа. - Учениците и граѓаните имаат можност да ни поставуваат прашања и да ни пренесат дел од проблемите за кои би се бореле во законодавниот дом да бидат надимнати, да ни пренесат идеи, пофалби и критики за нашата работа, рече Петкоска. Потсети и на канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните, каде сите заинтересирани можат да закажат средба со пратениците доколку се соочуваат со проблеми во секојдневното живеење, ако имаат прашања или да се поднесат некои амандмани. сс/дма/

Остани поврзан