• петок, 05 декември 2025

Охрид со богата програма ги чествува светите браќа Кирил и Методил

Охрид со богата програма ги чествува светите браќа Кирил и Методил

Охрид, 23 мај 2025 (МИА) -  Градот Охрид  со повеќе ќе го одбележи 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Чествувањата започнуваат денеска, со научна трибина во Конгресниот центар при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Охрид. 

За денеска е и предвидена програма по повод патрониот празник на Средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“.

За утре е предвидено одржување на  Меѓународен хорски фестивал, што ќе се одржува на сцената на Античкиот театар со почеток од 19:30 часот.

Свечената програма на самиот празник в сабота почнува од 9 часот со полагање цвеќе пред монументалниот споменик во Градскиот парк, по што следува доделување на наградите за најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари.

Во Домот на култура „Свети Кирил и Методиј“ во населбата „Кошишта“  со почеток во 10:30 часот ќе биде одржана Панихида и свечена приредба во чест на Светите Кирил и Методиј. Од 12 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи фестивалот на поезија за деца „Стихувалки“.

Во 19 часот во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи концертот „Уметниците во чест на Свети Кирил и Методиј“ во рамки на кој ќе настапат учениците од ОМУ „Методи Патче“ во класата на Даниел Чуркоски, Елица Рашкова и Викторија Митеска Малезан, а беседа за светите браќа ќе одржи Димитар Пандев. аб/са/

Фото/МИА

 

Остани поврзан