Охрид почнува со чествувањата по повод Денот на ослободувањето - 7 Ноември
- Со повеќе настани и свечености Општина Охрид од денеска почнува со празнувањето на 79-годишнината од ослободувањето на градот во Втората светска војна.
Охрид, 6 ноември 2023 (МИА) – Со повеќе настани и свечености Општина Охрид од денеска почнува со празнувањето на 79-годишнината од ослободувањето на градот во Втората светска војна.
Чествувањата по повод 7 Ноември почнуваат денеска во 12:30 часот, со промоција на книгата Детска градинка „Јасна Ристеска“ (краток историјат за периодот од 1950 до 1990) од д-р. Никола Митровиќ- Бабе.
Во текот на утрешниот ден во дирекцијата на претпријатието ќе биде одбележан патрониот празник на ЈП „Охридски комуналец”, ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ на Градските гробишта, во Градски парк, пред Основниот суд и во дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, како и Панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето на првоборецот Јасна Ристеска во селото Рамне. Цвеќе ќе биде положено и пред обележјата од НОБ во Спомен-паркот на револуцијата, а на три локации во и околу градот ќе се одржат активности во рамки на проектот „Оhrid fly festival“ во организација на Параглајдинг клубот „Флај“.
Централната свеченост по повод 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид ќе се одржи во просториите на Младински центар (комплекс Касарна) од 12 часот, каде се предвидени обраќања на градоначалникот Кирил Пецаков и и претставникот на Општинската организација на Сојузот на борците, Гоце Георгиески. Во рамки на свеченоста предвидена е и културно-уметничка програма.
Од 17 часот во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи свечената приредба по повод 60 години од основањето на ЈОУДГ „Јасна Ристеска”.
Свеченостите ќе бидат заокружени со седмоноесвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче”, што ќе се одржи во концертната сала на училиштето, со почеток во 18:30 часот. аб/са/
Фото: плакат