Охридското ЈП „Водовод“ почна со реализација на втората фаза од проектот за изградба на нов водовод и нова препумпна станица „Шипокно“.
- Досега во рамки на зафатот е поставен нов цевковод со профил од 110 милиметри на потегот од Свети Стефан до Шипокно во должина од 621 метар.

Охрид, 8 април 2025 (МИА) – Охридското Јавно претпријатие „Водовод“ почна со реализација на втората фаза од проектот за изградба на нов водовод и нова препумпна станица „Шипокно“.
Досега во рамки на зафатот е поставен нов цевковод со профил од 110 милиметри на потегот од Свети Стефан до Шипокно во должина од 621 метар.
Следната фаза предвидува поврзување на новиот цевковод со новата препумпна станица.
За стабилно и континуирано водоснабдување, претходно е направена и сосема нова инсталација, со пумпи „MZT 5“, „MSSI 40-4“ и друга електромашинска опрема, за потребите на новиот новиот цевковод.
Средствата за овој зафат во вредност од 468.360 денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. аб/цр
фото:ЈП Водовод