• среда, 17 јули 2024

Охридските млади генијалци најуспешни на државниот бреинобреин натпревар

Охридските млади генијалци најуспешни на државниот бреинобреин натпревар

Охрид, 6 ноември 2023 (МИА) – Охридските бреинобреин генијалци најуспешни на седмиот Државен натпревар што вчера се одржа во Скопје.

Младите генијалци од охридскиот центар што функционира во рамки на Општинската организација на Црвениот крст, во конкуренција на 229 натпреварувачи од девет центри во државата освоија 18 трофеи односно највисоки призанија, како и 13 златни и осум сребрени медали.

На националниот натпревар со признанија се закитија сите 39 бренобрејн млади генијалци од Охрид, со што и овојпат се покажа дека охридскиот центар во континуитет е меѓу најуспешните во земјата, со награди не само на домашни туку и на меѓународни натпревари.

Програмата „Бреинобреин“ важи за една од најдобрите светски програми наменета за развој на животни вештини кај најмладите, нивниот мозочен потенцијал, јакнење на нивната концентрација, визуелизација, имагинација, креативните способности, лидерските способности, како и поттикнување на нивната самодоверба. аб/дма/

Фото: Црвен крст Охрид 

 

Остани поврзан